Sunday, December 28, 2014

Вештачки езера во Македонија


Бројните вештачки езера на територијата на Македонија со својата убавина и прекрасната природа се вистинско место за одмор и рекреација.


1.Дебарско Езеро
Познато уште и како Шпиље, се наоѓа во западниот дел на Македонија, во долината на реката Црн Дрим. Дебарското Езеро има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м.

2.Беровско Езеро
Беровското, познато и како Ратевско Езеро се наоѓа во Малешевската област, на 7 км оддалеченост од Берово. Езерото се наоѓа на релативно висока надморска висина, поради што и температурите се пониски во летниот период, и тоа од 23°С до 25°С.

3.Езеро Водоча
Езерото Водоча кое се наоѓа во сливот на реките Водочница и Тркајана има површина од 1,9 км² и длабочина од 42 м. Оддалечено на само 8 км од Струмица, езерото е неизоставен дел од туристичката понуда на градот.

4.Езерото Глобочица
Езерото е изградено на реката Црн Дрим, со површина од 2,69 км². Овој прекрасен езерски потенцијал се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга.

5.Езеро Калиманци
Во Калиманкото Езеро изградено на реката Брегалница, со површина од 4,23 км² се наоѓа островот Калата кој е остаток од доцноантички рударски град во кој се ископувале калај и злато.

6.Езеро Козјак
Езерото Козјак сместено во падините на Сува Гора и резерватот „Јасен“, во западна Македонија, се протега во должина од 32 км и длабочина од 130 м.

7.Крушевско Езеро
Крушевското Езеро се наоѓа во непосредна близина на Крушево, надополнувајќи го туристичкиот потенцијал на градот. Прекрасно место за одмор и риболов.

No comments:

Post a Comment